Connect with us

Живот

Подземна куќа, систем кој обезбедува заштита од пожари и други природни катастрофи

„Дали сте за куќа што исчезнува под земја по закана од  пожар или торнадо? Токму таа е куќа на иднината“, тврди американската компанија Хајбертек хоумс. Развивме технологија која прави куќата да се спушти под земја веднаш по климатска закана. Свесни сме дека сето ова звучи како филмска сцена, но е вистина, велат од компанијата.

На прв поглед, куќата изгледа нормално, но изградена е со посебен механизам кој овозможува целата куќа да се спушти под земја во случај на природна катастрофа. Станува збор за големи подземни комори. 

Во случај на предупредување за пожар или торнадо, системот се активира, а куќата со помош на хидрауличен механизам за само 15 минути се спушта во подземниот простор. Пред спуштањето, автоматски се исклучува снабдувањето со електрична енергија, вода и гас, а истовремено се активира и системот за распрскување противпожарно средство. Подземниот простор се затвора со  специјален заштитен капак, со што обезбедува дополнителна заштита.

„Ваквиот систем може да издржи повеќе дена температури до 1.090 степени, што е значително повеќе од отпорноста што ја нудат класичните огноотпорни градежни материјали“, велат од компанијата, предупредувајќи дека под земја се спушта само објектот, а жителите мора однапред да бидат евакуирани.

Хајбертек хоумс, во моментов располага само со помали семејни куќи, како и луксузна вила со пет спални соби. Ваквиот систем засега се вградува исклучително на нови градби, со можност за усовршување во иднина. 

Цената за најмалата куќа чини речиси два милиони долари, со можност за намалување во иднина. 

Ad
Ad