Хроника
Полицијата уапси жител на Велика Британија, бидејќи спречувал инспектори од УЈП да вршат службени дејствија во локалитетот Куклица
Полициските службеници од Кратово лишија од слобода, жител на Велика Британија бидејќи во локалитетот Куклица спречувал инспектори од УЈП да извршуваат службени дејствија.
-Вчера, во 12:29 часот полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода А.М.Б. (41) од Велика Британија. Тој во комплексот Куклица, кратовско, спречувал инспектори од Управата за јавни приходи, кои извршувале службени дејствија- соопшти полицијата.
А.М.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
јули 18, 2026


