Connect with us

Фудбал

Њукасл одби понуда за Тонали од Тотенхем

Премиерлигашот Тотенхем во последното коло обезбеди опстанок претходната сезона во Премиер лигата, а веќе ангажираа и неколку засилувања. Сепак нивната понуда од 92 милиони евра за Сандро Тонали од Њукасл неговиот клуб ја одби, пренесуваат британските медиуми.

Тонали е желба на менаџерот Роберто Де Зерби да го донесе сонародникот и италијански репрезентативец во својот клуб. За фудбалерот интерес има и од Манчестер Сити, кои бара решение за средината на теренот.

Но, во целата ситуација со 26-годишниот фудбалер Њукасл е тој што ги одредува условите особено што Тонали има договор на уште три сезони.

Тонали во Њукасл дојде од Милан пред три сезони, а висината на трансферот изнесуваше 55 милиони фунти. 

Ad
Ad