Connect with us

Фудбал

СП 2026: Селекторот на Курасао побара поддршката да продолжи

Најпознатото име во селекцијата на дебитантот Курасао е селекторот Дик Адвокат. По нерешениот резултат (0:0) со Еквадор, Адвокат не можеше да ги скрие солзите.

Репрезентацијата на Курасао беше под постојан притисок, но голманот Елој Рум имаше неверојатни 15 одбрани.

–  Мислам дека одигравме добар натпревар. Можеше да се види и замор кај нашите играчи. Имавме и некоја шанса, но сепак го задржавме резултатот. Што да порачам, едноставно продолжете да ни давате поддршка, тоа ни дава крила и ќе се бориме за нашата земја, изјави Адвокат.

Во третиот натпревар на Мундијалот Курасао игра против Брегот на Слоновата коска во Филаделфија.

Ad
Ad