Фудбал
СП 2026: Германија останува без важен играч од одбраната
Германската репрезентација постигна важна победа од 2:1 против Брегот на Слоновата коска и со шест бодови веќе е пласирана како првопласирана во следната фаза. Но, триумфот со голот во последната минута е во сенка на повредата на играчот од одбраната Нико Шлотербек.
Тој во финишот на првиот дел доживеа повреда и селекторот Јулијан Нагелсман на полувреме го замени откако на паузата било јасно дека нема да може да продолжи.
– Нико има проблеми со лигаментот. Ќе му биде направена магнетна резонанца. За жал тој не е добар, изјави Нагелсман.
Првичните процени се дека Шлотербек, нема повеќе да биде на располагање што ќе биде голем хендикеп за германската репрезентација.
јуни 21, 2026


