Фудбал
СП 2026: Канаваро изрази незадоволство од проверката на репрезентацијата на Узбекистан во САД
Селекторот на репрезентацијата на Узбекистан, Фабио Канаваро, изрази негодување од процедурите за проверка на репрезентацијата по пристигнувањето во Соединетите Американски Држави.
Во понеделник, 8 јуни, Узбекистан загуби од Холандија (1:2) во пријателски натпревар во Њујорк. Беше објавено дека узбекистанските играчи и тренерскиот персонал биле подложени на ригорозен преглед на аеродромот, со употреба на детектори за метал и кучиња трагачи.
– Ми кажаа дека ова се правилата, но на крајот, проверката беше само за нас, изјави Канаваро за „Фокс Спортс“.
Играчите и тренерите на националните тимови на Сенегал и Ирак биле подложени на слични процедури.
САД ќе бидат домаќини на Светското првенство во фудбал во 2026 година, кое започнува утревечер. Мундијалот ќе се одржи и во Канада и Мексико.
Узбекистан ќе игра во група со Колумбија, Португалија и Демократска Република Конго.
јуни 11, 2026


