Општини
Во струмичката болница е отворен кабинет за менаџирање на дебелината
Во ЈЗУ „Општа Болница Струмица“ е отворен нов Кабинет за менаџирање на дебелина, опремен со современ апарат за проценка и следење на телесниот состав, соопштија од оваа здравствена установа.
Се посочува дека со новата услуга болницата овозможува стручен, сеопфатен и индивидуализиран пристап во превенцијата и третманот на дебелината, со цел подобрување на здравјето и квалитетот на живот на пациентите.
Кабинетот за менаџирање на дебелината во струмичката болница е вкупно деветти во државата кој официјално почна со работа.
Инаку, на почетокот на овој месец во струмичката болница беше доставен и нов апарат за компјутерска томографија, со кој е заменет поранешниот кој неколку години не работеше заради дотраеност.р
јуни 10, 2026

