Општини
Ќе се чисти Отовичка река која го полни со вода велешко езеро „Младост“
Преку проект ќе се обезбедува пропусната способност на Отовичка река која со вода го снабдува велешко езеро „Младост“. Со реализација на овој проект во текот на летово ќе се исчистат околу 800 метри од коритото на Отовичка река во продолжение на претходно исчистеното. Како што денеска информира за МИА, градоначалникот Марко Колев ќе се чисти Отовичка река на потег од под мостот на автопатот Велес-Скопје, па се до средина на населбата Отовица.
Проектот е финансиран со по 50 отсто од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој со 2 537 499 денари и исто толку од Општина Велес со 2. 537 499 денари Вкупна вредност на проектот е 5.074 998 денари.
Колев информира дека сега треба да се распишат јавна набавка и да се избере изведувач на работите, а кои се планира да се реализираат во летните месеци
Инаку Колев за овој проект со кој треба да се подобри животната средина, кој го подготви Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, во понеделникот потпиша договор со раководителот Зоран Јаневски за негова имплементација.
Граѓаните на Велес со кои разговараше МИА, го подржуваат овој проект за чистење на Отовичка река .Но од друга страна граѓаните и активистите под итно бараат од ЈКП „Дервен“ пред да се чисти реката да се санира отпусниот канал за канализација, а кој подолго време е неисправен и канализациона вода од домаќинствата од населбата Отовица,Сујаклари и другите населени места околу велешко езеро „Младост“ дирекно се слева во Отовичка река и континуирано ја загадува.
јуни 6, 2026

