Connect with us

Општини

Одбележани 123 години од смртта на Гоце Делчев во Штип

Со положување на цвеќе на споменикот на македонскиот велика Гоце Делчев во дворот на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип или поранешниот училишен двор во штипско Ново село денеска беше одбележана 123 годишнината од смртта на Делчев, кој учителствувал токму во оваа историска штипска населба.Оддавајќи почит кон неговото дело, ректорот на УГД-штип, Дејан Мираковски порача дека Делчев не бил само симбол на борбата за слобода, туку и визионер кој ја истакнувал улогата на знаењето, културата и соработката меѓу народите како темел на развојот.

-Денес со гордост и почит го одбележуваме ликот и делото на нашиот патрон Гоце Делчев, кој што бил не само апостол на македонската слобода, туку за неговото време и визионер и хуманист, кој што со изјавата дека го разбира светот како поле на културен натпревар помеѓу народите во еден период на војни, создавање на нови нации, покажал дека наместо оружје мора да игра голема улога и знаењето и културата. И токму ние како Универзитет, кој со гордост го носи неговото име се трудиме да биде достоинствени наследници, преку образованието, науката, развојот на културата и меѓународната соработка- рече Мираковски.

На настанот присуствуваа пратениците во македонското собрание Никола Мицевски и Душко Иванов, градоначалникот на општина штип, Иван Јорданов делегации на државни и локални институции, граѓански здруженија, професори, студенти, средношколци и ученици, како и граѓани.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4