Свет
Рубио: Имаме индикации дека Моџтаба Хамнеи е жив
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американската администрација има индикации дека врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е жив, но дека постојат многу отворени прашања во врска со неговата вистинска улога на власт во Иран.
Во интервју за „Фокс њуз“, Рубио рече дека клучните прашања се поврзани со тоа дали Хамнеи навистина има политички авторитет и донесува одлуки во земјата, сенаведува во соопштенијата на канцеларијата на државниот секретар на САД.
„Можеби е жив, но мислам дека нерешените прашања тука се дали има ист кредибилитет како неговиот татко. Знаеме дека со години, барем јас знам со години, во Иран се водат внатрешни дебати за наследувањето и дали тоа треба да биде наследно“, рече Рубио.
Тој истакна дека со години во Иран се водат внатрешни дебати за методот на политичко наследување и дека некои од тие дискусии сè уште не се решени.
Според него, сè уште не е јасно дали Хамнеи ги има соодветните религиозни и политички квалификации за позицијата, како и дали донесува одлуки независно.
Рубио оцени дека во рамките на иранскиот владин систем се појавува „дисфункција“, вклучително и можноста клучните одлуки да ги донесува тесен круг луѓе, наместо формалниот врховен лидер, што, како што наведе, дополнително ги комплицира односите и преговорите со Техеран.
април 28, 2026

