Connect with us

Хроника

ЈОРСМ: Преземени мерки за двете сообраќајни несреќи со смртни последици во Куманово и Битола

Дежурни обвинители од обвинителствата од Куманово и од Битола извршиле увид на местата на двете сообраќајни несреќи,  што се случија викендов, соопшти денеска ЈОРСМ. Во однос на двете сообраќајни несреќи со смртни последици викендов, кај Куманово и кај Битола, дежурни јавни обвинители извршија увиди на лице место, издадоа наредби за обдукција, како и за дополнителни вештачења. Наредена е детална проверка на околностите во кои се случиле сообраќајките.

– Во Куманово, за едно лице е побаран краткотраен 48 часовен притвор за обезбедување докази по однос на евентуална одговорност, наведуваат од ЈОРСМ 

Во Битола, како што соопштија,  првичните увидни резултати упатуваат на сомненија дека едниот од возачите со автомобилот преминал во коловозот во спротивен правец и директно се судрил со другиот автомобил. Возачот во моментов е хоспитализиран со тешки телесни повреди.