Connect with us

Општини

Карванот „Каде што срцето е дома“ на Министерството за локална самоуправа во Охрид

Во рамките на карванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински ја посети Општина Охрид, при што оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков, со членови на Советот на Општината, како и со раководители и претставници на општинската администрација.

На состанокот е разговарано за клучните активности на Министерството, можностите што им стојат на располагање на општините, како и за конкретните потреби и развојни планови на Општина Охрид, насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Перински по средбата со Пецаков рече дека разговарале отворено за приоритетите на Општината за периодот што следи, пред се инфраструктурни проекти. Било разговарано и на темата за можноста во делот на апликација за проекти од прекугранична соработка, што е во надлежност на Министерството за локална самоуправа.

– Општина Охрид е финансиски стабилна општина, општина што инвестира во инфраструктура, во насока на овозможување поквалитетен живот за граѓаните…Преку ваквите средби цениме дека најдобро и наједноставно можеме да креираме законски решенија што соодветствуваат на потребите на граѓаните, но и на општинската администрација која треба да ги имплементира сите мерки и проекти, рече Перински.

Тој во оваа прилика ги истакна дека главен предизвик што следува е отпочнатиот процес во делот на измени на законот за меѓуопштинска соработка, за која посочи дека е суштинска алатка за овозможување заедничка администрација, односно поразвиените општини да можат да им помагаат на оние општини што имаат потреба од помош во делот на административни постапки.

– Од наша страна ќе ги презентираме можностите што се нудат преку Ресурсниот центар, и во делот на пренос на знеање односно експертска помош и во сите останати сфери што ги нуди Центарот за помош и поддршка на општините, рече министерот.

Градоначалникот Пецаков од своја страна истакна дека пред министерот презентирал се она што се работи локалната самоуправа, проектите што се реализираат во соработка со Министерството, она на што Општината аплицирала, проекти за кои се обврзала да бидат реализирани.

– Разговаравме за поддршката на јавните претпријатија, што е значајно за нивен развој, за обезбедување опрема, возила и се што е нивен приоритет. Оваа сорабокта ќе биде уште позначајна во наредниот период, особено во аспект на двата повици за поддршка од Владата, што за нас како општини претставуваат огромна поддршка, пред се во она што претставува инфраструктурен развој. Кога на тоа ќе се додаде соработката со Министерството за локална самоуправа, тоа претставува значаен напредок односно промена на сликата како било перципирано порано, сите проекти за кои долги години сме разговарале сега се реализираат или се пред отпочнување на реализација, рече Пецаков.  

Министерот Перински кој пред две години токму од Охрид најави донесување нов закон за локална самоуправа, на прашање на медиумите посочи дека законското решение е изготвено, во него се интегрирани и сите амандмани поднесени од опозициските партии, а како што рече, се апликативни во легислативата, но се уште законското решение е заглавено во собраниска процедура.

Самите реформи во легислативата се системски и како такви бараат двотретинска поддршка во Собранието, што засега не е обезбедена.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1