Connect with us

Општини

Хоџа: Со програмата LIFE стратешките политики ги претвораме во конкретни еколошки решенија

Министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа денеска ја отвори тркалезната маса „Од политика до пракса: Приоритети за животна средина во рамките на програмата LIFE“ истакнувајќи дека Македонија е една од првите земји во регионот што пристапи кон овој клучен европски инструмент.

Како што се наведува во соопштението од МЖСПП, министерот нагласил дека во партнерство со K&S Скопје веќе се работи на зајакнување на националните капацитети, со цел максимално искористување на средствата од ЕУ за зелен пресврт и енергетски ефикасна економија.

Министерот Хоџа истакнал дека програмата LIFE не е само фонд, туку механизам за зелен пресврт кон енергетски ефикасна економија и здрава животна средина.

– Имаме заедничка цел – претворање на стратешките политики во конкретни еколошки акции и одржливи решенија – порачал министерот пред присутните претставници на институциите, експертската јавност и граѓанските организации.

Настанот, како што се наведува во соопштението, послужил како платформа за координација на приоритетите, со заклучок дека меѓусекторската соработка е клучна за успешно спроведување проекти во рамките на оваа програма на Европската Унија.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3