Свет
Началникот на француските вооружени сили тврди дека Русија се подготвува за конфронтација со Западот до 2030, Кремљ негира
Началникот на француските вооружени сили Фабиен Мандон предупреди дека Русија ќе остане долгорочна закана за Европа.
Говорејќи пред Комисијата за одбрана на француското Национално собрание, Мандон го опиша конфликтот во Украина како „отворена војна“, која останува негова најголема грижа во однос на воената подготвеност.
-Ова се случува на нашиот континент – рече тој, додавајќи дека Украинците веќе четири години се бранат „херојски“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли обвинувањата.
-Русија не претставува закана за ниту една земја која нема намера да ја загрози безбедноста на Руската Федерација – изјави тој.
Мандон потсети дека според разузнавачките информации, Русија се подготвува за можна конфронтација со западните земји до 2030 година.
– Таа се организира за тоа, се подготвува за тоа и е убедена дека нејзиниот егзистенцијален непријател е НАТО и нашите земји – рече тој, предупредувајќи дека Франција мора да биде подготвена за човечки жртви и економски последици.
април 10, 2026

