Свет
Продолжува потрагата по исчезнатите работници по смртоносниот пожар во фабрика за бонбони во Индонезија
Спасувачките екипи денеска ја продолжија потрагата по 32 исчезнати работници, по пожарот што ја зафати фабриката за бонбони во близина на индонезиската престолнина Џакарта.
Од урнатините досега се изнесени 24 вреќи со посмртни останки, но се уште надлежните власти не соопштиле за бројот жртви во несреќата.
Речиси 600 припадници на различни служби за итни случаи и државни институции беа ангажирани во потрагата по фабриката „ПТ Фонуса Агунг Мулија“ во областа Серанг, западно од Џакарта.
Пожарот избувна во саботата, а на пожарникарите им беа потребни неколку часа за да го стават под контрола. Огнот целосно бил изгаснат дури вчера изутрината.
До вчера властите евидентирале 63 лица засегнати со несреќета од кои 29 преживеани, 32 се водат како исчезнати, а за судбината на уште две лица сè уште немало информации. Петмина од преживеаните биле со повреди и добиле соодветен медицинси третман.
Според полицијата во провинцијата Бантен, во неделата од фабриката биле извлечени 24 вреќи со посмртни останки.
„Поради состојбата во која се наоѓаат останките, не е можна визуелна идентификација, па за утврдување на идентитетот ќе бидат користени ДНК-анализи, споредување отпечатоци од прсти и други форензички методи“, изјави Вахју Хидајати Дви Палупи, раководителка на полицискиот тим за идентификација на жртви од несреќи.
Спасувачката операција е отежната поради опасноста од повторно избувнување пламен на објектот, како и поради ризик од уривање на делови од оштетената зграда.
Фабриката произведува слатки „Милкиита“, наменети за домашниот и за меѓународниот пазар
ноември 23, 2026


