Свет
Илјадници пилиња се разбегале на автопат во Северна Германија
Илјадници пилиња се разбегале на автопатот близу Магдебург откако камион, кој ги превезувал, се превртел, соопшти ДПА.
Причината за несреќата засега не е позната, а товарот на камионот изнесувал 15 тони. На местото на настанот интервенирале ветеринари за да ги соберат животните.
По несреќата, сообраќајот во тој дел беше блокиран, а возачот на камионот помина без телесни повреди
декември 12, 2025


