Останати спортови
Швајцарија ја победи Норвешка во полуфиналето на Светското првенство во хокеј на мраз
Домаќинот Швајцарија попладнево во Цирих ја победи Норвешка со 6:0 во полуфиналето на Светското првенство во хокеј на мраз.
Најдобриот стрелец на турнирот, швајцарскиот напаѓач Свен Андригето, имаше две асистенции.
Швајцарија стигна до финалето трет пат по ред.
Противникот на швајцарскиот тим ќе биде одреден по вечерашниот натпревар Канада – Финска (почеток 20 часот).
мај 31, 2026
