Connect with us

Останати спортови

Познати полуфиналистите на СП во хокеј, историски успех на Норвешка

Хокеарите на Канада, Финска, Норвешка и Швајцарија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Во четвртфиналните пресметки, домаќинот Швајцарија синоќа ја совлада Шведска со 3-1 (1-1, 2-0, 0-0), Норвешка ја победи Летнија со 2-0 (0-0, 1-0, 1-0), Канада триумфираше над САД со 4-0 (1-0, 1-0, 2-0), додека Финска ја порази Чешка со 4-1 (2-0, 1-1, 1-0).

Полуфиналните пресметки се закажани за в сабота, кога Швајцарија ќе се обиде да се избори за своето трето финале по ред против најпријатното изненадување на првенството, Норвешка, која прв пат во својата историја дојде до полуфиналето.

Во второто полуфинале, рекордерот со 28 светски титули Канада за противник ќе ја има Финска, која со победата над Летонија ја прекина серијата од три последователни четвртфинални елиминации, против Канада (2023), Шведска (2024) и САД (2025).

Финалето и натпреварот за бронзениот медал ќе се играат в недела.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1