Connect with us

Општини

Во Битола одбележана годишината од загинувањето на Гоце Делчев

Во Битола денеска се одбележаа 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев.

Според востановената традиција, Општина Битола и здруженија на граѓани и организации за големиот деец на Македонската револуционерна организација, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење организираа историски час.

Пред Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола, во чест на македонскиот национален херој, идеолог, организатор и водач,  цвеќе положи делегација од Општина Битола предводена градоначалникот на Битола Тони Коњановски, како и претставници на Советот на Општина Битола, на политички партии, здруженија, ученици и други лица што го почитуваат делото на Гоце Делчев.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3