Connect with us

Општини

Стартуваат уписите, во Кочани 300 потенцијални првачиња

Започнаа уписите на првачињата во основните училишта во Кочани, процес што од денеска ќе трае до 30. месецов. Родителите во овој период треба да ги запишат своите деца во училиштата според местото на живеење, при што е потребно да ја достават и целокупната потребна документација.

Според списокот на МВР, во учебната 2026/27 година на територијата на Општина Кочани треба да бидат запишани околу 300 првачиња, но ова не е конечна бројка со оглед на трендот на иселување од државата, иако има и семејства повратници од странство.

Во пресрет на уписите, основните училиштата во Кочани организираа отворени денови.

Идните првоодделенци имаа можност да ги посетат училиштата, да се запознаат со наставниците, училниците и со дел од активностите што ги очекуваат од септември.

Од образовните институции апелираат родителите да го почитуваат посочениот термин со цел да не се створаат поголеми гужви.

Инаку, според достапните информации минатата година во четирите основни училишта во Општина Кочани беа запишани вкупно 370 првачиња.

Ова значи дека бројките секоја година варираат, во учебната 2022/23 основното образование го стратувале 310 ученика, во 2023/24 – 259 првооделенци, 2024/25 – 300 ученици.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2