Формула 1
Верстапен: Не знам дали можам да освојам петта титула

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека не планира да се натпреварува во Формула 1 додека не наполни 40 години и дека може да ја заврши кариерата во блиска иднина.
Во исто време, Холанѓанецот истакна дека освојувањето на петта шампионска титула не е задолжително за него и дека ќе биде спокоен ако не успее во тоа.
– Мислам дека веќе постигнав повеќе отколку што некогаш сум сонувал. Значи да, секако, многу сум среќен и горд на она што го постигнав и не знам дали можам да освојам петта титула. Можеби ќе успеам да го направам тоа, но воопшто не размислувам за тоа. Имам многу планови и идеи за други трки, иако тоа не значи дека морам да бидам вклучен во овие проекти 100 проценти – зборувам за проекти што сакам да ги правам во иднина. Но, многу е важно сè да се направи правилно и да се организира на самиот почеток. Но да, сите овие се планови за иднината, сè во свое време. На крајот на краиштата, со возраста порано или подоцна ќе почнете да губите брзина, а потоа веројатно ќе биде подобро да им отстапите место на помладите, изјави Верстапен.
Во тековната сезона од Формула 1 шампионатот, Верстапен се наоѓа на 3.место со 205 бода, 104 помалку од лидерот Оскар Пјастри од Мекларен.
септември 4, 2025