Фудбал
Приведен сопственикот на ФК Башкими по инцидент на мечот со Струга
Два одделни инциденти регистрира СВР Куманово, вчера на спортски настани во Куманово, при што млад фудбалер пријавил физички напад од судија, додека во вториот случај, по расправија, бил оштетен автобус со кој се превезувале играчи.
Во првиот случај, вчера во 16:30 часот во СВР Куманово, дваесет и двегодишниот И.А. од Куманово, фудбалер на ФК „Куманово-Милано“, пријавил дека околу 11:00 часот на стадион во Агино Село пред завршување на натпреварот помеѓу ФК „Македонија-Агино“ и ФК „Куманово-Милано“, по претходна расправија бил физички нападнат од судијата на натпреварот Г.П..
Во вториот инцидент, во 16:50 часот на стадионот „Башкими“ во Куманово, по завршување на натпреварот помеѓу клубовите „Башкими“ и „Струга Трим Лум“, настанала расправија помеѓу Б.Х. (39) од Куманово, сопственик на ФК „Башкими“, и лице од гостинската екипа од Струга. Подоцна, на паркинг простор, неколку лица со тврди предмети оштетиле автобус сопственост на приватна фирма од Струга, кој ги превезувал фудбалерите.
Во врска со вториот случај, во 20:20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Х. (39).
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на двата инциденти, по што ќе следуваат соодветни пријави
април 21, 2026

