Фудбал
Хаџи нов селектор на Романија
Фудбалскиот сојуз на Романија соопшти дека го именуваше Георге Хаџи за нов селектор на фудбалската репрезентација. Извршниот комитет на ФСР ја потврди одлуката на техничката комисија.
Ова претставува враќање на Хаџи на оваа позиција откако во 2001 година на четири натпревари беше селектор на Романија. Големото име на романскиот фудбал потпиша договор за следните два квалификациски циклуса, а на клупата ќе го наследи Мирчеа Луческу.
– Чест и голема одговорност е уште еднаш да ја претставувам Романија. Се надевам дека ќе бидам успешен како што бев кога настапував како фудбалер. Убеден сум дека може да постигнеме повеќе и да бидеме подобри, затоа и доаѓам во репрезентацијата, изјави Хаџи.
Хаџи одигра 125 натпревари во дресот на романската репрезентација и постигна 35 голови и притоа беше член на репрезентациите кои играа во четвртфиналето на Светското првенство во 1994 година и на Европското првенство во 2000 година.
Романија не успеа да се квалификува на Светското првенство годинава.
април 21, 2026

