Connect with us

Фудбал

Се зголемува притисокот за Артета

Менаџерот на Арсенал Микел Артета се соочува со зголемен притисок по поразот (1:2) на неговиот Арсенал во дербито со Манчестер Сити на гостински терен. Арсенал сè уште е лидер во Премиер лигата, нос ега со три бодови пред Манчестер Сити, кој пак има одиграно еден натпревар помалку. Доколју Арсенал остане без титула, Артета може да добие отказ.

Пред еден месец „топџиите“ беа со шанси за освојување на четири пехари, а сега останаа на два (Премиер лига и Лига на шампиони), откако го загубија финалето од Карабао купот од Манчестер Сити и доживеаја елиминација од Саутемптон во ФА купот.

Арсенал на последните шест натпревари има четири порази.

Екипата од Лондон во Лигата на шампионите ја очекуваат два дуела во полуфиналето со Атлетико Мадрид.

Во англиските медиуми сè почесто се пишува дека останувањето на Артета е поврзано со тоа Арсенал на крајот од сезоната да заврши барем со еден пехар.

Во Премиер лигата Арсенал има уште пет натпревари: Њукасл, Фулам и Барнли на домашен терен и Вест Хем и Кристал Палас на гости.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4