Connect with us

Останати спортови

Ивановски втор низ целта на маратонот во Белград

Македонскиот рекордер Дарио Ивановски забележа денеска огромен успех со освојувањето на второто место на престижниот Белградски маратон што се одржа по 39. пат во силна конкуренција.

Најдобриот македонски маратонец ја истрча патеката со време од 2:09:35 часа, заостанувајќи 25 секунди зад победникот Гада Гемсиса Гудета. Маратонецот од Етиопија мина прв низ целта со време од 2:09:11 часа со што го собори рекордот на Белградскиот маратон.

Третото место го освои Кениецот Јохан Ерота (2:09:55).

Остварувањето на Ивановски беше за помалку од една секунда поспоро од националниот рекорд што го постави во февруари 2024 година, кога ја истрча маратонската патека во време од 2:08:26.

Вториот македонски натпреварувач Мартин Трајановски го освои 20 место на маратонот во Белград со време од 2:45:44.

На женската маратонска трка победи Ден Алему Дади од Етиопија со време од 2:30:22 часа.

На 39. Белградски маратон настапија повеќе од 2.000 маратонци од над 70 земји.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2