Останати спортови
Прва шампионска титула за одбојкарите на Штип УГД
Одбојкарите на Штип УГД ја освоија титулата во македонското првенство, откако вечерва го совладаа на домашен терен ГОК Борец со 3-0 во сетови и со вкупен резултат од 3-0 во победи ја комплетираа финалната серија во плејофот.
Новите македонски одбојкарки шампиони доминираа на третиот натпревар пред домашната публика во салата „Јордан Мијалков“ и со идентични 25-18 ги решија во своја корист воведните два сета, а во третиот му препуштија на противникот само 16 поени.
За Штип УГД ова е прва шампионска титула во клупската историја со која ја прекинаа седумгодишната доминација во домашното првенство на одбојкарите на Струмица.
Одбојкарите на Штип УГД ја комплетираа сезоната со двојна круна, откако претходно го освоија и националниот Куп.
април 25, 2026

