Connect with us

Останати спортови

Полска прв пат домаќин на ЕП во атлетика

Прв пат во историјата Полска ќе организира Европско првенство во атлетика, а регионот Шлезија е избран за домаќин на првенството во 2028 година, објави синоќа Европската атлетика.

Одлуката е донесена на првиот ден од состанокот на Европскиот атлетски совет во Бирмингем, градот домаќин на овогодишното првенство кое ќе се одржи во август.

Европското првенство во 2028 година ќе се одржи во Хорзов, еден месец пред почетокот на Летните Олимписките игри во Лос Анџелес.

„Ова ќе биде четврти пат Европското првенство во атлетика да се одржи во истата година како и Олимписките игри. И не е претерување да се каже дека Шлезија 2028 ќе ни даде увид во иднината“, рече претседателот на Европската атлетика, Добромир Карамаринов.

Полска е шестата најуспешна нација во историјата на ЕП во атлетика, кое прв пат се одржа во 1934 година. Полските атлетичари досега имаат освоено 59 златни медали и вкупно 185 одличја.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3