Свет
Трамп изрази оптимизам за можен договор со Иран
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изрази оптимизам дека наскоро може да биде постигнат договор со Иран, и покрај загриженоста околу ескалацијата на конфликтот, енергетската криза и последиците за НАТО и Блискиот Исток.
Трамп на митинг во Лас Вегас изјави дека ситуацијата „се движи во добра насока“ и дека конфликтот „треба наскоро да заврши“.
Тој додаде дека воените операции биле „успешни“ и ја пофали силата на американската армија.
Претходно, Трамп изјави дека Иран се согласил да предаде дел од збогатениот ураниум, што е една од клучните спорни точки во преговорите за окончување на конфликтот.
Според неговите најави, нова рунда разговори меѓу двете страни би можела да се одржи во текот на викендот.
април 17, 2026

