Connect with us

Свет

Нетанјаху: Израел ќе продолжи со нападите врз Хезболах „секаде каде е неопходно“

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека ќе продолжат нападите врз проиранското исламистичко движење Хезболах „секаде каде е неопходно“.

– Продолжуваме да го напаѓаме Хезболах со цела сила, прецизност и решителност. Нашата порака е јасна: секој кој напаѓа израелски цивили ќе биде нападнат. Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах секаде каде е неопходно додека целосно не воспоставиме безбедност за жителите на северниот дел на Израел, објави Нетанјаху на платформата Икс.

Израелската армија и денеска напаѓа цели во Либан. Во вчерашните напади, според либанското Министерство за здравство, загинаа 203 луѓе, а повеќе од илјада беа повредени.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3