Connect with us

Свет

Лапид со критика за Нетанјаху за примирјето на САД со Иран: Тоа е дипломатска катастрофа

Лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, денеска го критикуваше премиерот Бенјамин Нетанјаху за двонеделното примирје меѓу САД и Иран, опишувајќи ги неговите постапки како „дипломатска катастрофа“.

Лапид на мрежата икс напиша дека „никогаш немало таква дипломатска катастрофа во целата историја на Израел“ и истакна дека „Израел дури и не бил на масата кога се донесувале одлуки што се однесуваат на суштината на националната безбедност на земјата“, објави „Тајмс оф Израел“.

Според Лапид, додека армијата ги завршила сите задачи, а јавноста покажала исклучителна отпорност, Нетанјаху „не успеал дипломатски и стратешки и не исполнил ниту една од целите што си ги поставил“.

Тој додаде дека ќе бидат потребни „години за да се поправи дипломатската и стратешката штета предизвикана од ароганцијата, небрежноста и недостатокот на стратешко планирање на Нетанјаху“.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2