Останати спортови
Ристовски го отвори „Олимпик Опен 2026“ – над 1.000 каратисти од 10 земји настапуваат во Скопје
Министерот за спорт Борко Ристовски денес го означи стартот на четвртото издание на Меѓународниот карате турнир „Олимпик Опен 2026“ што се одржува во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Организатор на турнирот е КК Олимпик со поддршка од Министерството за спорт.

Министерот Ристовски упати честитки до организаторите и ја истакна важноста на спортските настани што создаваат позитивна средина за младите спортисти.
– Честитки за организаторите за овој убав и голем спортски настан. Секогаш ми е драго кога сум присутен помеѓу млади спортисти. Уште поважно е што покрај спортот и спортскиот натпревар, на вакви настани се промовираат вистински вредности. Министерството за спорт секогаш ќе ги поддржува ваквите настани и сите оние кои ги промовираат овие вредности, рече Ристовски, посакувајќи им успех на сите натпреварувачи.
На „Олимпик Опен 2026“ ќе настапат 1.075 натпреварувачи од 71 клуб, претставници на 10 земји, што го прави турнирот еден од најмасовните карате настани во земјата и во регионот.
април 6, 2026

