Connect with us

Општини

Општина Штип распиша конкурс за студенти по моден дизајн во рамките на Shtip Fashion Days S/S 2026

Општина Штип информира дека во рамки на настанот Shtip Fashion Days S/S 2026 се објавува конкурс наменет за студенти по моден дизајн од сите високообразовни институции во Република Македонија. Право на учество имаат студенти од државни и приватни факултети за моден дизајн, кои под менторство на свој професор ќе работат на зададена тема, дефинирана од поддржувачот на оваа активност во рамки на настанот.

-Заинтересираните кандидати потребно е да испратат пријава на е-маил адресата shtipfashiondays@gmail.com, која треба да содржи: назив на универзитет и факултет, име и презиме на студентот, име и презиме на менторот, краток опис на креацијата (идеја и материјали), скица од идејното решение. Насловот на е-маилот треба да биде: „Пријава за натпревар“. По разгледување на пристигнатите апликации, стручна жири-комисија составена од пет членови ќе избере 15 креации кои ќе влезат во потесен избор, соопштуваат од Општина Штип.

Во соопштението се наведува дека темата на дизајнот е инспирирана од возилото Kia EV4, со акцент на современ, иновативен и одржлив пристап во модниот израз, при што доминантен визуелен елемент треба да биде препознатливата KIA сива боја.

-Избраните креации ќе бидат финансирани и изработени, а потоа и презентирани на свеченото отворање на Shtip Fashion Days S/S 2026, во рамки на заедничка ревија од натпреварувачки карактер. Жири-комисијата ќе го избере најдобриот учесник, кој ќе добие парична награда наменета за реализација на сопствена колекција, како и можност за бесплатно учество на следното издание на настанот, се вели во соопштението од Општина Штип.

Конкурсот ќе биде отворен во времетраење од пет дена. Општина Штип ги повикува сите млади и талентирани дизајнери да ја искористат оваа можност, да ја покажат својата креативност и да бидат дел од еден од најзначајните модни настани во државата.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1