Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета, наместо на суд да се докажува, се расфрла со лаги на пресови, само со СДС и Филипче е можно загрозување на јазикот
Загрозувањето на македонскиот јазик е можно само со СДС и Венко Филипче.
Тоа до сега веќе се докажа и во пракса и сите граѓани го видоа.
СДС на чело со Заев и Филипче, наместо да води државничка политика и да ги штити националните интереси, ги распродаваше кај ќе стигне, потпишуваше капитулантски и предавнички договори, само и само да остане ден повеќе на власт.
Додека пак, Бисера Антоанета, наместо на суд да се докажува за своите криминали, се расфрла со лаги на прес-конференции. Ништо од тоа што зборува Костадиновска Стојчевска не е вистина, а во измислувањето и лажењето, СДС се докажани првенци.
Од друга страна ја потсетуваме Бисера Антоанета, дека глас не пушти дури шеташе на државен трошок и купуваше разни производи со службена картичка, додека Заев тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се ист јазик.
Така што потенцираме, ако некој го загрозува македонскиот јазик, тоа е токму СДС на чело со Филипче и Заев, и цела свита околу нив која свесно молчи и одработува за предавничките политики, само и само да останат во функционерските фотелји.
март 23, 2026

