Живот
Будистички робот со ВИ за религиозни разговори
Истражувачки тим на Универзитетот на Кјото, Јапонија, заедно со компанијата „Тераверс“ со седиште во истиот град и кинеската „Икс-НОВА“, разви човековиден робот со будистички изглед и нарави и со вештачка интелигенција, создаден да води разговори и да комуницира со луѓе, пренесува Танјуг.
Роботот, наречен „Будароид“ (Budaroid), е заснован на хуманоидниот робот „Јунитри Г-1“ (Unitree G1), произведен од кинеската компанија „Јунитри роботикс“, и е опремен со системот „Будабот плус“ (BuddhaBot-Plus). Според истражувачите и стручњаците, модулот за дијалог ја користи најновата верзија на „Чет-ГПТ“ и е дизајниран според систем во којшто одговорите прво се генерираат со користење формулации од будистички текстови, а потоа се дополнуваат со толкувања и објаснувања со помош на јазичниот модел на „Опен-АИ“ (OpenAI).
Научниците, според наводите, го обучиле својот робот да изведува низа гестови, вклучувајќи бавно одење, но и потегот со споени раце и поклонување. Системот, исто така, ќе умее да препознае синтеза на говор, како и синхронизација на вокалните одговори со движењата на телото.
Се истакнува и оти ова е првиот „религиозен вештачки робот“ со движења блиски до човековите, способен за двоножно одење и природен вербален разговор. Програмерите забележуваат дека оваа технологија може да се примени и во други области – на пр. во создавањето човековидна ВИ за економската теорија, т.е. за консултантски и аналитички задачи.
февруари 27, 2026

