Connect with us

Општини

Општина Битола со финансиска поддршка за спортски клубови, здруженија и спортисти

Општина Битола објави јавен повик за доделување финансиски средства од локалниот буџет за спортски клубови, спортски здруженија и спортисти.

Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите изнесува два милиони денари за спортски клубови и спортски здруженија и еден милион денари за индивидуални спортисти.

Основен услов за доделување на финансиските средства е поттикнување и унаопредување на спортот, популаризирање на масовниот спорт и вклучување на младите, учество во систем на натпревари, како и постигнување на врвни резултати.

Во конкурсните услови наведено е и учеството на натпревари со национален или меѓународен карактер, како и учество во програми што ќе се реализираат на подрачјето на Општина Битола, се нагласува во јавниот повик кој е отворен до 11 март.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4