Connect with us

Општини

Отворена градинка во кавадаречко Сопот

За децата во кавадаречкото село Сопот денеска беше отворена градинка, за да не мораат секојдневно да патуваат подалеку, за да бидат предучилишно згрижени. Станува збор за 11. клон на детската градинка „Рада Поцева“ од Кавадарци.

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски ги поздрави напорите на кавадаречката локална самоуправа за подобар живот во општината.

– Главен приоритет на сите нас, е, листите на чекање за во градинка, во Македонија, во секоја општина, да бидат на нула. Затоа работиме секојдневно заедно со Владата, да го постигнеме тоа. Затоа има проекти, со кои ќе го овозможиме тоа, рече Велковски.

Тој најави и постапка за 13 објекти што ќе се реконструираат во други просторни услови, како овој во Сопот, во 13 општини во државата.

Велковски додаде дека во секое населено место каде има потреба од згрижување на дечиња, ќе се отворат градинки и вакви објекти во други просторни услови.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека во минатото, предучилишното згрижување во општината се соочувало со капацитет за згрижување на 600 деца и со над 600 дечиња кои чекале упис во градинка, а сега капацитетот бил зголемен и над 1.400 најмлади можеле да посетуваат градинка во урбана и рурална средина.

– Во општина Кавадарци веќе четири години по ред нема листи на дечиња за прием во градинка, имаме капацитет плус од потребите на самата општина, тоа го постигнавме заедно со Министерството и Владата, подвлече Јанчев

Маркетинг
Ad 1
Ad 3