Connect with us

Општини

Министерството за спорт организира прием за параолимпиецот Зоран Јовановски пред настапот на ЗПОИ 2026

Македонскиот параолимпиец Зоран Јовановски, кој ќе ја претставува Македонија на Зимските параолимписки игри во Милано/Кортина 2026 (ЗПОИ 2026), и членовите на македонската параолимписка делегација, денеска остварија средба со државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски, соопштија од Министерството.

Јовановски испишува историја во македонскиот спорт како прв македонски параолимпиец што ќе настапи на зимски параолимписки игри.

Јовановски учеството на ЗПОИ 2026 го обезбеди со вајлд-карта доделена од Интернационалниот параолимписки комитет.

Упатувајќи честитки за постигнувањата и желби за успешен настап на нашиот прв параолимпиец на Зимските параолимписки игри, Огњеновски ја истакна важноста на овој настан за македонскиот спорт.

– Ова е историски ден за македонскиот параолимписки спорт. Зоран Јовановски со својот труд, посветеност и храброст испиша нова страница во спортската историја на Македонија. Се грдиееме што првпат ќе имаме претставник на Зимските параолимписки игри. Му посакувам успешен настап и достојно, храбро и со срце да ги брани боите на Македонија на големата олиписка сцена – изјави Огњeновски.

Јовановски во својот прв настап на Зимските параолимписки игри ќе се натпреварува во дисциплината слалом, класа седење ЛВ11.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3