Connect with us

Општини

Општина Тетово: Учениците да се враќаат на настава по проверката за лажни дојави за бомби

Доколку по проверка се утврди дека има лажна дојава за поставена бомба, учениците ќе треба да се вратат на настава, истакна на прес-конференција Назми Даути, од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово. Оваа препорака следи по два дена лажни дојави за поставени бомби, по што беше прекината наставата во тетовските основни и средни училишта.

Од Општина Тетово информираа дека побарале полицијата да го зголеми присуство пред училиштата, како и да има брза и транспарентна истрага за идентификување на лицата кои стојат зад лажните дојави, соработка со училишните директори, непосредни и редовни официјални информации, како и информирање на јавноста за преземање на мерките.

– Кога ќе има дојава на бомба на кој било е основно или средно училиште, учениците и наставниците, па така и професорите во средните училишта, да не го напуштат училиштето за да одат дома. Туку претставници од Министерството за внатрешни работи ќе ги евакуираат од објектот во надворешните простори и учениците, заедно со наставниците и професорите, ќе треба да ги почекаат инструкциите што ќе доаѓаат од страна на основачот, значи Општина Тетово. Исто така и од страна на претставници од Секторот за внатрешни работи, дали ќе има продолжување на наставата или ќе има прекин на наставата, тој ден. Бидејќи гледаме овие два дена, децата не се враќаат во училиштето, а нема потреба за паника, изјави на прес-конференција Назми Даути.

Тој рече дека се во постојана комуникација со Секторот за внатрешни работи, со директорите, како и со сите други релевантни институции, но оти засега немаат одговор кој стои зад лажните дојави и дали се поведени постапки.

– Наша надлежност како општина, како сектор за јавни дејности е ние да ги пријавиме како случај. Но, како постапуваат тие понатаму, тоа е нивна надлежност и немаме информација, па немаме можност и да ги прашаме и да бараме како вие постапите понатаму, зашто се знае тоа е надлежност на МВР. Сме се договориле со Секторот на внатрешни работи, ние како општина да се обраќаме со барање, а тие да ни даваат повратен одговор, дали може да се продолжи со наставата или треба да се прекине. За понатаму тие се нивни постапки, постапни нивни процедури, рече Даути.

Според Даути, денеска во попладневната смена ќе продолжи образовниот процес. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 2