Connect with us

Општини

Општина Битола гради улици во рурални средини

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски заедно со своите соработници, изврши увид во градежните работи на реконструкција на улици во населеното место Трн.

Реконструкцијата во оваа рурална средина опфаќа пет улици со вкупна должина од над 1.000 метри, сите широки по 3,5 метри и банкини од двете страни широки од половина метар.

Вкупната вредност на проектот е 7,2 милиони денари, а средствата се обезбедени од Министерството за транспорт преку вториот владин повик, информираа од Општина Битола.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2