Connect with us

Општини

Во Пробиштип се чистат 14 диви депонии

Во Општина Пробиштип се чистат дивите депонии, акцијата е почната од пред четири дена, а денеска се чистат депониите во село Петршино, вели градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски. Посочува дека следна локација за чистење е во село Турско Рудари, а потоа и во сите останати места.

Општина Пробиштип има индентификувано вкупно 14 точки со неправилно одложен отпад, а акцијата има цел враќање на чистотата и уредноста на просторот.

– Чистата животна средина е заедничка одговорност и обврска на сите нас. Само со совесно однесување и почитување на правилата можеме да обезбедиме здрава и уредена околина за сегашните и идните генерации – вели Тоневски.

Тој апелира до сите граѓани да не создаваат нови диви депонии и отпадот да го одложуваат исклучиво на предвидените места. 

– Заедно можеме да придонесеме за почист, поздрав и поубав Пробиштип – подвлече Тоневски

Маркетинг
Ad 4
Ad 3