Connect with us

Општини

Поставена атмосферска канализација на улица „Бајрам Шабани“ во Куманово

Успешно е реализиран проектот за изградба на атмосферска канализација на улица „Бајрам Шабани“ во Куманово, соопшти денеска Владата.

Со изградбата на новата канализациска мрежа обезбедено е ефикасно одведување на атмосферските води, со што значително се намалува ризикот од поплавувања и оштетувања на коловозот и околните објекти.

– Инвестицијата од 21.424.089 денари придонесе за подобрување на комуналната инфраструктура, зголемена безбедност за жителите и создавање почиста и поуредена урбана средина – соопштија од Владата.

Проектот, како што наведуваат, носи долгорочни придобивки преку стабилен и одржлив систем за управување со дождовните води и повисок квалитет на живот во овој дел од градот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3