Connect with us

Општини

СВР-Штип со апел по серијата на измами од лажни лекари, а на кои цел им се повозрасните граѓани

Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип денеска упати апел до граѓаните кои живеаат на подрачјето кое го покрива. Во соопштението се вели дека во изминатиов период во СВР Штип има зголемен број на пријави за поголем број на кривични дела измама и обид за измама, во случаи кога непознати лица од странски телефонски број се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што на лицата им соопштуваат дека нивни блиски, роднини, внуци и слично имаат повреди и над истите треба да се изврши итна операција за што побаруваат поголеми износи на парични средства со што ги доведуваат оштетените во заблуда, при што лицата даваат пари од своите заштеди и вршат штета на својот имот. 

– СВР Штип ги известува граѓаните доколку добијат вакви или слични повици веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 112 за преземање на мерки и откривање на сторителите, се вели во соопштението. 

Последмиот случај беше регистриран деновиве кога возрасна жена од Штип беше измамена од лажена лекар за сума од над 2.000 евра.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4