Connect with us

Општини

Се реконструира дворот на велешкото училиште „Свети Кирил и Методиј“

Во Општинското основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Велес во тек се градежни зафати  за реконструкција на дворната површина позади училишната зграда.Средствата се обезбедени од Општина Велес,информира денеска градоначалникот Марко Колев.

– По завршувањето на овие зафати учениците ќе добијат уште еден функционален простор за одвивање на наставните активности, како и за одмор и рекреација. Децата се нашата иднина. Инвестициите во образованието се инвестиции во иднината,потенцира Колев.

Во оваа училиште од прво до деветто одделение се школуваат  577 ученици.Тоа е најстарото училиште во земјава отворено во 1857 година и догодина ќе слави 170 години од постоењето Во него учеле многу познaти дејци од постарата и поновата македонска историја меѓу кои: Андреја Дамјанов, Васил Главинов, Ѓорѓи Зографски, Данчо и Тодор Зографски,Петре Прличко,Коста Солев Рацин, Панко Брашнаров од помладите се ракометарот Пепи Манасков, виолинистот Костадин Богдановски,научникот Александар Донев и многу други

Маркетинг
Ad 3
Ad 4