Општини
Општина Штип распиша јавен повик за доделување материјална поддршка на спортските клубови, здруженија и институции
Општина Штип распиша јавен повик за доделување финансиски средства на спортските клубови, спортски здруженија и спортски институции кои извршуваат јавен интерес во спортот во Општина Штип и спортски манифестации што се одржуваат на територија на општината. Повикот трае до 28 јануари. Во соопштението од Општината се наведуваат и услови кои треба да ги исполнат спортските клубови, здруженија и институции. Треба да имаат годишна Програма за работа и функционирање, потоа План за реализација и финански План за реализација на спортски манифестации и приредби.
-Доказ за регистрирана дејност, решение за вршење дејност за професионални спортски клубови, копија од тековна состојба на субјектот од Централен регистар не постара од шест месец, информација за начинот на кој се финансираат во изминатите три години, генерален спонзор, повеќе спонзори, финансирање п опат на наплатување на тренажен процес – чланарина, се вели во соопштението од Општина Штип.
Треба да бидат наведени и информации за тоа каде субјектите ги вршат тренажните и натпреварувачки процеси и услови под кои се користат, како наем на сала, доделена сала на користење од Општина Штип, објект во сопственост на субјетот за кој редовно плаќа режиски трошоци за изминатите три години.
Потоа доколку спортските субјекти се натпреваруваат во своите лиги организирани од соодвена федерација, да се достават и информации за степенот на натпреварување, како и евентуално учество во натпревари од меѓународен карактер.
Информации за пионерско-младински школи, доколку ги имаат организирано да дадат нивна програма за тековната година, и да се нагласат резултатите во изминатите три сезони со доказен материја од соодветните спортски федерации и државни спортски институции.
Рокот за пријавување е седум дена од денот на објавување, односно трае до 28 јануари, а потребната документација за учество на повикот се доставува по пошта до Општина Штип.
Постапката за доделување материјална помош на спортски клубови, спортски здруженија, спортски институции и доделување на материјална поддршка за организација на спортски манифестации ја спроведува Комисијата за доделување материјална помош на спортски клубови, спортски здруженија, спортски институции и поддршка на спортски манифестации согласно изгласаниот правилник.
јануари 26, 2026

