Connect with us

Формула 1

Ред Бул го претстави болидот за сезоната 2026

Австрискиот формула 1 тим Ред Бул објави видео и фотографии од својот нов болид РБ22.

Првите претсезонски тестови во Формула 1 ќе започнат денес во Барселона.

Холанѓанецот Макс Верстапен и француско-алжирскиот возач Исак Хаџар ќе возат за Ред Бул во сезоната 2026.

Верстапен вози за Ред Бул од 2016 година. Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец е четирикратен шампион во Формула 1. Минатата сезона заврши втор во шампионатот на возачи. 

Хаџар го имаше своето деби во Формула 1 во 2025 година, возејќи за Рејсинг Булс. Неговиот најдобар резултат беше третото место на Големата награда на Холандија.

Ред Бул заврши трет во шампионатот на конструктори на крајот од сезоната 2025.