Connect with us

Општини

„Питијада 2026“ во Велес: 15 познати шефови ќе ја оценуваат велешката пастрмајлија

Традиционалната велешкапита – пастрмајлија годинава за првпат ќе биде оценувана од жири составено од 15 познати шефови, во рамки на фестивалот „Питијада 2026“.

Меѓу членовите на жирито ќе бидат Стево Карапанџа, Уве Мишел, Драгица Лукин и други познати имиња од гастрономијата. Оценувањето ќе се одржи на 11 октомври, со почеток во 12 часот, пред главната бина.

„Питијада 2026“ ќе се одржи од 9 до 11 октомври во Велес, во организација на Општина Велес, во соработка со „Гастро мак“.

-Не очекуваат 15 шефови, една традиција и еден победник во единствен избор за најдобра велешка пита. Вкусот на Велес пред светското жири: настан каков што Велес досега не видел  и на едно место ги спојуваме велешката традиција и светската гастрономија. Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2026″ – вкус што ја раскажува традицијата, потенцира градоначалникот Марко Колев.

Покрај изборот на најдобра велешка пастрмајлија, посетителите ќе имаат можност да ја видат и традиционалната џиновска пастрмајлија, базар на домашни ракотворби, изложба на олдтајмери и велосипедска тура.

Во забавната програма се најавени настапи на „Црвена јабука“, Наташа Беквалац и други познати музички имиња од македонската естрада.