Connect with us

Фудбал

Повредата на Гакпо ги загрижи во Ливерпул

Холандскиот репрезентативец Коди Гакпо ќе ја напушти репрезентацијата на Холандија и ќе се врати во Ливерпул. Тој на вчерашниот натпревар во Белград против Србија одигра само 17 минути и беше заменет поради повреда.

Тој по враќањето на националниот тим во Холандија имал прегледи и по соопштението од холандската репрезентација, тој повеќе нема да настапува во овој циклус и ќе се врати во клубот. Од Холандската федерација објавија дека нема да биде повикан нов игра за следните два дуела со Грција на гости и со Србија на домашен терен.

Како што пренесуваат холандските медиуми по прегледот е дадена препорака за неколку неделна пауза за Гакпо што би можело да биде сериозен проблем за неговиот клуб Ливерпул, особено што беше во добра форма, а првиот следен натпревар во Премиер лигата е на 11.октомври против Манчестер Сити.