Connect with us

Фудбал

Куртоа: Играчите на Реал Мадрид се 100 проценти зад Алонсо

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го поддржа тренер Чаби Алонсо по поразот (1:2) синоќа од Манчестер сити во 6. коло од Лигата на шампионите.

– Првиот гол беше примен поради моја грешка. Не го гледавме овој натпревар како тест за Чаби Алонсо. Го поддржуваме тренерот. Ние сме 100 проценти зад него, а тоа беше очигледно и на теренот, изјави Куртоа за „Фудбал Еспања“.

Алонсо го презеде Реал Мадрид летото. Под негово водство, тимот одигра 28 натпревари и оствари 19 победи, 4 нерешени и 5 порази.

Реал Мадрид има 12 бода и е на 7. место во вкупниот пласман во Лигата на шампионите. 

Во Ла Лига, мадридскиот тим е на второто место, четири бода зад лидерот Барселона. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2