Connect with us

Општини

Во Битола одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Со манифестацијата „Обоиме во пријател“, Лајонс клуб Кабадаја и Ресусен центар „Кочо Рацин“ го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември.

Според градоначалникот Тони Коњановски, со јавни настани се покажува еднаквоста и почит кон различностите.

-Сите сме еднакви, знаеме да ги почитуваме различностите, инклузијата е дел и од образовниот процес, во нашите домови и секаде онаму каде што треба. Локалната самоуправа заедно со другите институции прави се за и овие деца да бидат дел од системот, дел од нас и да не почувствуваат промена и разлика, истакна Коњановски.

Од Општина Битола упатија јавна покана за време на новогодишните празници, на платото пред Офицерскиот дом заедно со Дедо Мраз, сите деца да учествуваат на празнична дружба. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 5