Општини
Јанчев: Во завршна фаза е Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост
Во завршна фаза е Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост во Кавадарци, што ќе располага со капацитет од 40 корисници. Вкупната проценета вредност на проектот е 40.856.910 денари, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на својата Фејсбук страница.
– Овој објект е инспирација и поттик за уште поголема поддршка и инклузија на лицата со телесна или ментална попреченост во нашата општина, напиша Јанчев, на меѓународниот ден за поддршка на лицата со попреченост, трети декември.
декември 4, 2025

